Вујовиќ „полуде“ – мораше да интервенира капитенот (ВИДЕО)

Вардар славеше против Мешков Брест со 35-27 во второто коло од Лигата на шампионите. При една интервенција во одбраната Тото доби исклучување со кое тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ не се сложи и бурно реагираше. Судиите му покажаа жолт картон а мораше да реагира и делегатот на натпреварот. Тука беше и капитенот на Вардар Стојанче Стоилов кој исто така интервенираше да го смири својот тренер.