ВО МЕЃУВРЕМЕ: „Гореше“ Автокоманда – Како Металург ја освои првата титула во Македонија! (ВИДЕО)

Металург и Вардар досега одиграле безброј натпревари, во најголем дел интересни, неизвесни и драматични до самиот крај. Еден од нив сигурно е оној што се одигра на 12 јуни 2006 година, кога Металург стигна до првата шампионска титула во Македонија. „Во тие моменти само шутнав. Ја направив финтата и сакав што побрзо да заврши се„, кажа тогаш средниот бек на Металург, Милан Чоровиќ кој ја реши средбата во последните секунди. Интернационалецот од Србија со гол во последните секунди од мечот против Вардар, му ја донесе првата клупска титула на Металург. Тимот од Автокоманда победи со 27-26 (9-9) во мајсторката од плејофот за титулата, победувајќи во финалната серија со 2-1. Металург - Вардар про 27-26 (9-9) Спортска сала во Автокоманда. Гледачи околу 1.000. Судии: Камишевски и Николовски. Црвени картони: Макалоски (Металург) и Добрковиќ (Вардар). Металург: Живоиновиќ (одбрани 18 топки и 1 седмерец), Колев, Пецаковски, Димовски 2, Чоровиќ 9 (1/2), Лазаров, Наумовски 3, Ангеловски 5, Миркуловски, Ѓоргоновски, Маљцев 2 (0/1), Чантурија 1, Макалоски 5 (3/4), Зубиќ. Тренер: Јовица Цветковиќ. Седмерци: 4/7. Исклучувања: 14 мин. Загубени топки: 15. Вардар: Даскаловски (одбрани 10 топки и 1 седмерец), Докниќ (одбрани 5 топки и 1 седмерец), Петковски, Ракчевиќ 3, Недановски 3 (2/2), Трпевски 2, Добрковиќ 5, Васјук 3, Марковски, Коваленко 3 (1/2), Стојановиќ 2, Петровски, Мојсовски 2, Алушовски 1. Тренер: Веселин Вујовиќ. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин. Загубени топки: 10.