Белорусија со силен старт на ЕП, Србија не беше дораснат ривал

|
19:49
Share on Facebook

Репрезентацијата на Белорусија стартуваше со победа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Избраниците на Јуриј Шевцов славеа над северниот сосед Србија со 35-30. Се играше гол за гол десетина минути, но неколку промашувања на Србите и Белорусија веќе се одлепи на 10-6.

До крајот на полувремето Србија ја стегна одбраната, Иванишевиќ фати некоја топка, а Радивојевиќ и Илиќ казнија со брзи голови, па на пауза се замина со 16-15 за Белорусија.

Во вториот дел имаше неизвесност десетина минута, потоа Каралек, Кулеш и компанија се одлепија на 25-20, па до крајот немаше дилеми која репрезентација ќе победи.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Kаралек со осум и Шилович со пет, додека кај Србија се истакна Радивојевиќ со шест. Во вториот натпревар од групата А ќе играат Црна Гора и Хрватска.

Share on Facebook

📷 Стоилов ги подели последните совети – бутелци тренираа во Велика Горица

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
20:12
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје го одработија последниот тренинг пред првиот натпревар од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп против хрватската Горица.

Во градската сала во Велика Горица, тренерот Стојанче Стоилов и неговите избраници ја скроија тактиката за утрешната пресметка.

Натпреварот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра утревечер од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица, а судии се Словенците Сатлер и Пукшиќ.

Ова ќе биде петти настап во Европа за македонскиот претставник, откако претходно играше двапати во Лигата на Европа и двапати во ЕХФ Европскиот Куп.

Share on Facebook

Бутел гостува кај Горица, капитенот Ѓоргиевски е оптимист: Имаме шанса за позитивен резултат

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
14:00
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува предизвик во ЕХФ Европскиот Куп и гостување кај хрватската Горица.

Капитенот на Бутел Скопје, Димитар Ѓоргиевски, досега беше дел од сите европски настапи на клубот, а ова ќе биде петти негов настап во Европа.

Тој смета дека ривалот има квалитетен ростер и не за џабе има шест победи на шест меча во хрватскиот шампоионат, меѓу кои и триумф над учесникот во Лигата на Европа, Сесвете, со 32-31.

„Не очекува еден тежок двомеч со квалитетен противник, но мислам дека имаме реални шанси да го поминеме првото коло. Добро ги анализиравме во текот на оваа недела,во добра форма се во нивното првенство, нема некое познато име, но играат доста квалитетен ракомет. Со наша добра одбрана и паметни решенија во нападот, имаме шанса за позитивен резултат“, смета Ѓоргиевски.

Бутел Скопје е рангиран повисоко од страна на ЕХФ од хрватскиот состав. Mакедонскиот тим е на 39 место, додека Горица дури на 55 позиција.

„Искрено сум изненаден што се толку ниско рангирани според ЕХФ, ние ќе дадеме се од себе да ја оправдаме фаворитската улога доколку не сметаат за фаворити“, вели Ѓоргиевски.

Првиот меч меѓу Горица и Бутел се игра утре од 18:00 часот, додека реваншот е на 24 октомври од 17:00 часот во Скопје.

Share on Facebook

Македонија Ѓорче Петров им се врати на победите – совладан Шампион

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
21:34
Share on Facebook

Тимот на Македонија Ѓорче Петров по поразот од Аеродром, им се врати на победите во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Оливер Димитриоски го совладаа составот на Шампион со убедливи осум голови разлика, 35-27.

Гостите пружија силен отпор во првиот дел, иако домашните водеа со четири гола, сепак Шампион успеа да се врати и да води пред паузата, 16-15, но Домика се потруди за реми.

Во второто полувреме доминираше „дробилицата“ и полека ја градеше предноста, а до крајот не дозволи Шампион да помисли на некаков камбек во мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Мартин Бучуковски со шест и Михаил Тотиќ со пет погодоци, додека во листата на стрелци се запишаа сите останати ракометари. Кај Шампион осум гола даде Давид Јовчевски.

Македонија Ѓорче Петров е на делба на четвртата позиција со осум бода заедно со Текстилец и Аеродром, додека Шампион е на 12 место со два бода.

Во следното коло „дробилицата“ гостува кај Драчево Јуниор на дерби двобој, додека Шампион ќе го пречека Вардар Неготино.

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стоилов избра – Бутел со сите сили, Горица без најдобриот играч!

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
11:39
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје денеска го играат првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против хрватската Горица.

Стратегот Стојанче Стоилов ги избра 16 ракометари што ќе настапат против хрватската екипа, а надвор од комбинација останаа голманот Трсунов, крилата Аврамовски и Симоновски, бековите Аксентиев, Ѓорѓески и Симовски, но и повредениот Спасовски…

Тренерот на Горица, Матеј Мишковиќ, ќе смета на тројцата голмани – Сориќ, Матошевиќ и Турчиќ, а ќе изостанат левите Бакула, Барешиќ, Баришиќ и Ковачевиќ, но и најдобриот ракометар клубот – левото крило Давор Чавар, кој долги години го носеше дресот на Загреб.

Натпреварот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица.

Share on Facebook

МВП ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2)

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
17:11
Share on Facebook

Средниот бек на Ѓорче Петров 2, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП за месец септември во Супер женската лига.

Анчева играше одлично во првите три средби од оваа сезона во новиот клуб, во кој заедно со искусната Савица Мркиќ Стојанов, се од голема помош на младите „лавици“.

Таа освои 72% од гласовите на анкетата, додека второпласирана беше Стефанија Ѓорѓиевска од Чаир која освои 8% од гласовите.

Номинирани за МВП за месец септември во Супер женската лига беа уште и Анастасија Николовска од Спартак, Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров и Леона Миленкоска од Вардар.

Share on Facebook