Атракција на Црногорецот – ем под фаул, ем со шрауба: Голот за пресврт на Шеваљевиќ (ВИДЕО)

Вардар по четири месеци забележа триумф во Лигата на шампионите. Во Скопје славеше против Елверум со 35-32, иако норвешкиот првак на пет минути до крајот водеше со 30-32. Во акција без идеја, црногорскиот репрезентативец Васко Шеваљевиќ иако беше под фаул, успеа со шрауба да го погоди во голот на ривал и го најави пресвртот. До крајот вардарци погодија уште четири пати, а не примија ниту еден гол. Погледнете го атрактивниот погодок на Шеваљевиќ....