четврток, септември 5, 2024

За Ѓорче Петров „нема зима“ – на пролет по нови успеси (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Ѓорче Петров – Ојпек КУП на ЕХФ

Македонскиот шампион Ѓорче Петров прослави уште една убедлива победа над белгискиот тим Ојпен, со 48-35 и се пласираше во осминафиналето на Европскиот Куп. Овој двомеч ќе се игра во јануари, но амбициите на „лавиците“ оваа сезона се чекор напред од лани и пласман во четвртфиналето на пролет.