Судијата си доби по глава: Пелистерецот Борзаш силно шутираше кон голот, ама… (ВИДЕО)
Викендов селекциите на Словенија и Србија одиграа два пријателски натпревари во рамките на ЕХФ неделата, на кои настапија четворица ракометари од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Урбан Лесјак и Нејц Цехте на едната страна, а Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ на другата страна. Еден од обидите да шутира кон словенечкиот гол на левиот бек Борзаш не заврши во голот, туку во главата на судијата, а ударот беше баш силен. Погледнете....