Норвешките медиуми „распалија“ по ракометарите: Фијаско, срам да ви е!

Еден од домаќините на СП, Норвешка, на коло до крајот на главната рунда испадна од комбинација за пласман во четвртфиналето.

Иако го победија Чиле, сепак Норвежаните ги загубија сите шанси за ТОП 8, откако Бразил сензационално ја надигра Шведска и сега Норвешка никако не може да стигне до првите две позиции.

Во вториот круг влегоа без бодови, но херојската победа над Шпанија малку ги раздвижи работите, иако ништо не зависеше само од нив. Работите не одеа според нивните планови, па ќе мора да се помират со пласман од 9 до 20 место.

Тоа ги разочара и норвешките медиуми кои не ги штедеа критиките кон ракометарите, а јасно дека селекторот Јонас Виле наскоро ќе ја заврши својата мисија.

„Крахот на Шведска ја исфрли и Норвешка од СП“, напиша „ВГ“.

„Шведскиот неуспех стана и норвешки – уништени надежите за четвртфинале“, пишува „НРК“.

„Сонот за четвртфинале е уништен: Фијаско, засрамете се!“, стои во насловот на „ТВ2“.