Натпревар за кој сите зборуваат – погледнете го гол-шоуто во Радовиш со 92 погодоци! (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Радовиш и Партизан Гевгелија од прволигашката конкуренција паднаа дури 92 погодоци. Четворица ракометари од двата тима постигнаа двоцифрен број голови (Зајков 14, Банцалиски, Ончев и Стојановски по 10). Минатата сезона во плеј-аут дуелот меѓу Борец и Кичево беа постигнати 101 гол, но и овој дуел во Радовиш сигурно ќе влезе на листата меѓу најефикасните натпревари во историјата на македонскиот ракомет. Погледнете го натпреварот на кој гол беше постигнуван на секои четириесетина секунди...