Македонија поразена од Романија на „Трофеј Карпати“

|
18:11
Share on Facebook

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на турнирот „Трофеј Карпати“, откако убедливо загуби од Романија со 36:25.

По нерешените 2:2, домаќинките со три гола во низа дојдоа до 5:2 во петтата минута и до крајот на полувремето одржуваа резултатска предност. Кон средината на првиот дел, селекцијата на Романија имаше 9:4 и тука беше јасно дека избраничките на Грчевски ќе мора да заиграат подобро, пред се во одбраната.

Во еден период нашата репрезентација успеа да ја преполови негативата и преку расположената Стефаноска дојде до минус два, 10:8, но до крајот на полувремето Романија ги казни речиси сите грешки на „црвено-жолтите“ и на пауза замина со резултатска предност од четири, 16:12.

Во вториот дел Романија заигра поангажирано, запозна постепено да се одлепува, во 40 минута имаше предност од 23:17, додека во 48 минута дојде до поизрзена предност од 27:19. Романките рутински ги одработија последните десет минути, во кои немаше поголема промена во играта на македонската репрезентација.

Јована Мицевска натпреварт го заврши со 11 интервенции, додека кружниот напаѓач Ивана Гакидова и десниот бек Јована Кипријановска беа најефикасни со по пет погодоци. Кај Романија, Бјанка Базалиу беше прв стрелец, имаше осум успешни реализации.

Македонија утре ќе игра против Словачка, а в недела е натпреварот со Швајцарија.

Како што е познато, последните тестови пред ЕП 2024, Македонија ќе ги има на „Кроација Куп“ со Србија и Хрватска.

Нашата репрезентација на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција.

Share on Facebook

Спартак победнички низ Прилеп

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
16:28
Share on Facebook

Ракометарките на Спартак и натаму ја продолжуваат серијата без пораз во Супер женската лига и по ремито со Чаир, славеа триумф на гости кај Деспина со 36-23.

Домаќинките пружија солиден отпор во првото полувреме, кое заврши во корист на Спартак со 16-13.

На стартот на вториот дел, избраничките на Симе Симовски постигнаа шест гола по ред за 22-13, десетина минути не примија гол и тука беше решен победникот на овој меч.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа триото Николовска, Цветановска и Јершек со по пет гола, додека кај Деспина се истакна Ристеска со седум реализации.

На табелата Ѓорче Петров и Спартак имаат по десет бода, но „лавиците“ имаат меч помалку, додека Чаир е трет со седум бода и натпревар помалку.

Сега следува репрезентативна пауза и ЕХФ недела, а во следното коло Деспина ќе гостува кај Чаир, а Спартак ќе го предизвика шампионот Ѓорче Петров.

Share on Facebook

Андреј Петковски ја продолжи одличната форма во Чешка

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
11:50
Share on Facebook

Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски ја продолжи одличната форма во чешкиот шампионат.

Иако неговиот тим Плзен загуби на гостувањето кај Брно со 35-31, Петковски одново беше на ниво и меѓу најдобрите поединци.

Тој успеа да запре 11 удари на противничките ракометари, но немаше голема поддршка од соиграчите, па Плзен го запиша првиот сезонски пораз.

Сега тимот на Петковски е втор на табелата со 11 бода, зад Карвина која има 12, а во следното коло ќе има лесна задача на домашен терен против составот на Копривнице.

Share on Facebook

Браќата Илиевски на нова европска задача

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
18:45
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија делегирање и ќе ја делат правдата на натпревар во Полска.

Станува збор за првата пресметка меѓу полската Островија и турскиот состав Истанбул Генчлик што ќе се игра утре.

Мечот на кој делегат ќе биде Хашани од Косово, ќе стартува од 18:00 часот во „Арена Остров“ во Остров Виелкополски.

Share on Facebook

Ацо Николовски ја ужива довербата на ЕХФ – делегат на четири меча во десет дена

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
13:03
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Покрај судиите Илиевски, Македонија на европската сцена ќе ја претставува и делегатот Ацо Николовски.

Тој беше делегат на два меча од женскиот ЕХФ Куп минатиот викенд на Косово, каде играа Феризај и ВИФ од Фарски Острови, а сега ќе има двојна задача и во машкиот ЕХФ Купот.

Денеска Николовски ќе биде делегат на пресметката меѓу турскиот Бешикташ и Фиверс Маргаретен од Австрија во Истанбул што ќе започне од 16:00 часот.

Утре Николовски ќе биде задолжен за се да мине во најдобар ред на дуелот меѓу Бурса и норвешкиот Рунар Сандефјорд што се игра во Бурса и ќе стартува од 16:00 часот.

Share on Facebook

Играше за Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид – сега има нов клуб

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
09:55
Share on Facebook

Некогашниот ракометар на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, Ловро Јотиќ, ќе има нов предизвик во кариера.

Хрватскиот среден бек се враќа на терените по тешката повреда на стартот на минатата сезона и ќе заигра за романскиот тим Стеауа Букурешт.

Низ кариерата Јотиќ, покрај во македонските клубови, играше и за Загреб, Нексе, Алборг, Лајпциг…

Стеауа Букурешт има лош старт на сезоната со четири порази на четири меча, па со Јотиќ се надеваат дека опстанокот во елитната романска конкуренција нема да биде доведена во прашање.

Share on Facebook