Mакедонија ги дозна ривалите на ЕМОФ – ракометарките со Норвешка, ракометарите со Шпанија, Исланд…

Во периодот од 20 до 26 јули 2025 година, Скопје ќе биде домаќин на Европскиот Младински Олимписки Фестивал, кој ќе обедини многу спортисти од цела Европа.

Македонија ќе има ракометни репрезентации во двете конкуренции и ќе настапи со ракометари и ракометарки до 17 години.

На ЕМОФ за титула ќе се борат по осум селекции, а Македонија денеска ги дозна ривалите.

Македонските девојки ќе играат против Норвешка, Исланд и Швајцарија во групата Б, додека македонските момци ќе бидат дел од група А и ќе играат против Хрватска, Исланд и Шпанија.

Селектори за оваа генерација ракометари и ракометарки допрва треба да бидат назначени од Ракометната федерација на Македонија.