Екипата на Тулуз која со освоеното четврто место во францускиот шампионат си обезбеди пласман на европска сцена, започна со формирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона.
Францускиот клуб, кој во изминатата сезона располагаше со буџет над три милиони евра, се засили со четири играчи, еден од нив доаѓа од полскиот првак Висла Плоцк. Станува збор за шпанскиот интернационалец, средниот бек Нико Миндегиа.
Искусниот ракометар со раководството на Тулуз се договори на двегодишна соработка и се очекува да биде големо засилување во составот на Даниел Анѓелковиќ.
Покрај Миндегиа, во Тулуз ќе пристигне и довчерашниот голман на Савехоф, Симон Молер, десното крило од Партизан, Урош Којадиновиќ, како и кружниот напаѓач од Бергишер, Антони Дониецки.
Тулуз во сезона 2021/22 го имаше последното учество во европски рамки, тогаш се натпреваруваше во Лигата на Европа и успеа да стигне до осминафиналето,таму беше елиминиран од португалската Бенфика.