РК ГОЛДЕН АРТ-КЛ7
Кулминација на работата со млади категории, преку летниот ракометен камп и младинската ракометна академија. Брендот Кирил Лазаров ја продолжи својата ракометна приказна на македонската сцена со сениорски клуб. Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи Р.К. “Golden Art KL7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.
Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажуваат дека може и мора да се даде можност на младите македонски ракометари.