Дувњак: Феноменалната публика го „носеше“ Еурофарм Пелистер сите 60 минути (ВИДЕО)

Кил славеше тешка победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 23-20, и сега има три од три во Лигата на шампионите. Средниот бек Домагој Дувњак, немаше голема минутажа, но со неговото искуство помогна во моментите кога се кршеше резултатот. Тој смета дека битолчани играа одлично носени од публиката во текот на целиот меч, а дека клучот за триумфот на Кил е одбраната. Целосната изјава на Дувњак погледнете ја во видео прилогот...