🎥 Џонов: Мора да ги намалиме грешките ако сакаме да парираме на вакви велесили

 

Македонија загуби од Франција со 39-29  во премиерниот натпревар на ЕХФ ЕУРО 2024. Поразот можеби и беше очекуван ако се знае дека на спротивната страна беше велесилата Франција, но на паркетот одредени млади ракометари покажаа дека се иднината на Македонија. Еден од нив беше и Иван Џонов кој со шест погодоци и со одличната игра се издвои како еден од подобрите на теренот. За импресиите и настапот пред препоплниот стадион „Меркур Шпил Арена“ како  и судирот со гигантот Франција, Џонов говори за 24Ракомет.