Атракција во Кавадарци – Мајиќ додаде од зад грб, Стефановиќ елегантно погоди (ВИДЕО)

Тимот на Тиквеш од Кавадарци игра против Струга во натпревар од 3 коло во Супер лигата, а во првиот дел во „Јасмин“, многубројните навивачи видоа атрактивен потег. Во една полуконтра, левото крило Мирко Мајиќ додаде од зад грб до пивотот Никола Стефановиќ, кој без проблем погоди во голот на гостите. Погледнете...