Алборг го промовираше новиот тренер

Данскиот ѕвезден тим Алборг го промовираше новиот стратег што ќе го замени Стефан Мадсен од претстојното лето.

Станува збор за Германецот Мајк Махула, кој потпиша договор на две сезони со тимот што обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите оваа сезона.

По стартот на тренерската кариера во Нордхорх, Махула беше дел од Фленсбург од 2017 година, со кој освои две титули во Бундес лигата, пред да се случи разделбата во април минатата сезона.

„Едвај чекам да станам дел од еден од најбрзо растечките клубови во светот во последните неколку сезони. Алборг има одличен спој на играч и мојата цел ќе биде сите заедно да освоиме многу титули и клубот уште повеќе да се развива“, вели Махула.

Во Алборг играат ѕвезди од типот на Микел Хансен, Никлас Ландин, Симон Халд, Лукас Нилсон, Кристијан Бјорнсен…