Кавадарци „дише“ за ракометот и за Тиквеш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тиквеш – Охрид

Кавадарци сезонава има тим со кој може да се гордее, но и да очекува добри резултати. Серијата од пет победи по ред во првенството на Тиквеше му го чува лидерското место на табелата. Во дербито на колото, домашните ракометари го победија Охрид со 32-30. Имаа причини за радост и ракометарите и публиката во салата. Сега домашното првенство е место за покажување на силата со која располагаат кавадарчани, особено пред настапот во европските купови.