Блесок на Соколоски, Пролет се враќа со два бода од кај Јехона

|
20:33
Share on Facebook

Ракометарите на Пролет ги освоија двата бода на гостувањето во Гостивар, откако славеа на гостински терен кај Јехона со 34-32.

Предводник на скопскиот состав во победата беше Јован Соколоски, кој успеа да постигне 12 гола во мрежата на домашните.

Натпреварот во најголемиот дел беше израмнет, гостиварци имаа водство во неколку наврати, но Пролет ја имаше контролата во второто полувреме и диктираше темпо.

Јехона се врати во егал, 27-27 на десетина минути до крајот, потоа Пролет отиде на плус два и не дозволи ниту еднаш потоа камбек на гостиварци.

Во последната минута Пролет водеше со 34-31, а Трифуноски погоди само за до го ублажи поразот.

Покрај Соколоски, во победничкиот тим по шест гола дадоа Фичорски и Давитковски, додека за Јехона премалку беа 13 погодоци на Трифуноски.

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook

Ацо Николовски ја ужива довербата на ЕХФ – делегат на четири меча во десет дена

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
13:03
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Покрај судиите Илиевски, Македонија на европската сцена ќе ја претставува и делегатот Ацо Николовски.

Тој беше делегат на два меча од женскиот ЕХФ Куп минатиот викенд на Косово, каде играа Феризај и ВИФ од Фарски Острови, а сега ќе има двојна задача и во машкиот ЕХФ Купот.

Денеска Николовски ќе биде делегат на пресметката меѓу турскиот Бешикташ и Фиверс Маргаретен од Австрија во Истанбул што ќе започне од 16:00 часот.

Утре Николовски ќе биде задолжен за се да мине во најдобар ред на дуелот меѓу Бурса и норвешкиот Рунар Сандефјорд што се игра во Бурса и ќе стартува од 16:00 часот.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Аеродром – Драчево Јуниор, Атлетик – Вардар, Шампион – Стружанка

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
14:00
Share on Facebook

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Ѓорче Петров – Бор, Горица – Бутел Скопје, Алкалоид – Ферлах

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
15:30
Share on Facebook

Гледајте ВО ЖИВО, Алкалоид – Ферлах, ТУКА*

*линковите се активни половина час пред мечот
**преносот во Македонија може да го следите на Арена М Спорт

Share on Facebook

Десетка за Петровски, Овче Поле ги освои бодовите против Преспа

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
12:43
Share on Facebook

Ракометарите на Овче Поле прославија триумф над Преспа со 28-24 во 6 коло од прволигашката конкуренција.

Гостите од Ресен парираа одлично дваесетина минути, кога домашните во Свети Николе водеа со 7-6, но потоа имаше огромен пад во играта на Преспа.

Овче Поле даде седум гола за седум минути за 14-6 и практично го реши прашањето на победникот на овој меч.

Гостите ја преполовија високата негатива во вториот дел, но немаа сили за комплетен камбек и бодовите останаа во Свети Николе.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Петровски со десет и Кристијан Стаменков со шест гола, а десет гола за Преспа постигна Благој Христовски.

Share on Facebook

Кукуловски во одлична форма – Металопластика при врвот во Србија

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
14:44
Share on Facebook

Тимот на Металопластика, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, бележи одлични резултати во српскиот шампионат.

Металопластика славеше на гостувањето кај Дубочица Лесковац со 31-26 во натпревар од 6 коло во првенството на северниот сосед.

Заедно со Павловиќ и голманот Чировиќ, Кукуловски беше меѓу најдобрите поединци на теренот и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.

Металопластика е прва на табелата со 11 бодови по шест меча, додека Партизан е втор со десет бода, но и натпревар помалку.

Share on Facebook