
Од вчера до понеделник ќе се комплетира 7 коло од елитната конкуренција кај мажите во Македонија, а РФМ ги делегираше официјалните лица.
Се очекува да биде интересно во Куманово, каде ќе гостува Младост Богданци, а таму правда ќе делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Возбудувања треба да им и на двобојот во Битола, каде Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека составот на Тиквеш.
Таму за арбитражата ќе бидат задолжени браќата Георгиевски, а браќата Ќаеви ќе ја судат средбата во Прилеп, каде гостува вицепрвакот Еурофарм Пелистер.
Лејла Јашар и Викторија Прентоска ќе го судат мечот во Автокоманда каде гостува Охрид, а младите Драган Начевски и Бобан Стојановски се делегирани за средбата меѓу Вардар и Бутел Скопје.
Супер лига, 7 коло:
Алкалоид – Струга 33-22
17/10, 16:30 часот, Куманово – Младост (Митревски/Тодоровски)
17/10, 18:30 часот, Прилеп – Еурофарм Пелистер (Ќаев/Ќаев)
18/10, 16:00 часот, Мулти Есенс – Oхрид (Јашар/Прентоска)
19/10, 12:00 часот, Вардар – Бутел Скопје (Начевски/Стојановски)
19/10, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш (Георгиевски/Георгиевски)
















