ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар по одмазда во Плоцк – брка прв(и) бод(ови) во Лигата на шампионите

|
09:30
Share on Facebook

Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде настапот на Вардар во четвртото коло во Лигата на шампионите кај Висла Плоцк.

Мечот меѓу овие две екипи се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток од 20:45 часот, а Вардар досега нема освоено бод, додека другите три екипи имаат по 4 бода.

Вардарци одиграа два драматични натпревари против Мелсунген и Нант, но беа надиграни од Висла Плоцк во Скопје, па и по три порази, Чупиќ и неговите момци не се откажуваат и најави борба за следната фаза додека постојат теоретски шанси.

На домашната сцена се игра заостанатиот натпревар од 5 коло меѓу Вардар и Ѓорче Петров од 19:15 часот, па ќе се комплетира оваа рунда од Супер женската лига.

Свои настапи во домашните првенства ќе имаат и македонските ракометар(к)и – Моника Килдан Јанеска, Евгениј Темелкоски, Ангела Јанкуловска, Ивана Џатевска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Ива Младеновска, Јована Мицевска Митев, Елена Ѓорѓиевска, Дејан Кукуловски…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:15 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 АЛБОРГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 ЦЕЛЈЕ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КОЛСТАД – ЛУЦЕРН КРИЕНС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 МАГДЕБУРГ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ПАРТИЗАН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ВАРДАР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
14:00 МАНИСА – БУРСА (ТУРЦИЈА)
17:00 ДРАМА – ПАОК (ГРЦИЈА)
18:00 МОСТ – МИХАЛОВЦЕ (МОЛ ЛИГА)
18:00 САЛА – ДУНАЈСКА СТРЕДА (МОЛ ЛИГА)
18:00 СОМБАТЕЉ – ФЕРЕНЦВАРОШ (УНГАРИЈА)
18:00 ГЊИЕЗНО – РУХ КАЛИШ (ПОЛСКА)
18:00 СТАРТ ЕЛБЛАГ – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)
18:00 НАИСА НИШ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (СРБИЈА)
18:00 ГОРЕЊЕ ВЕЛЕЊЕ – ТРИМО ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ОЛДЕНБУРГ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ДУБОЧИЦА – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:30 РАДНИЧКИ КРАГУЕВАЦ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)

Share on Facebook

Во каква форма се евро-ривалите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Бутел?

Авор: Душко Андов
| 12 октомври 2026
22:16
Share on Facebook

Четири македонски претставници Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Бутел Скопје во следниот период ќе ги одиграат своите европски натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Купот.

Вардар го чека втор двобој со Висла Плоцк. Иако полскиот вицепрвак најави дека ќе игра со младинци на мечот со Хробри Глогов, сепак се премисли и со првиот состав славеше на гостински терен со 31-24. Поради доцното враќање од Скопје, Висла побара одложување, но не наиде на разбирање од ривалот и федерацијата, па мораше да се игра дуелот.

Чави Сабате им даде одмор само на Сердио и Јанц, а најдобри стрелци беа Ричардсон со седум и Косоротов со пет гола, додека голманот Алиловиќ имаше 11 одбрани.

Мелсунген загуби изненадувачки на гости кај Ерланген со 33-32, иако голманот Симиќ одново имаше солидно издание со 12 голови. Најдобар стрелец беше Ендерлејт со пет гола, а по четири дадоа Стефансон, Мандиќ, Гола и Штехл.

Нант немаше големи проблеми и го победи составот на Каен со 38-31. Голманот Бонде, како и на мечот во Скопје против Вардар беше човек на одлука со 16 одбрани, а меѓу стрелците се истакнаа Леополд со осум и Турченко со седум погодоци.

Следниот ривал на Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го одложи мечот од Бундес лигата и имаше долго време да се подготви за двобојот со битолчани, додека Вибжеже Гдањск и Ла Риоха запишаа победи во своите домашни првенства.

Вибжеже Гдањск славеше против Гвардија Ополе со 34-31, a најдобри стрелци беа левото и десното крило, Чаплински и Михалович, со осум, односно шест погодоци, додека Ла Риоха победи на гости кај Куенка со 36-32. Mигел Мартинез стрелаше шест пати, Јунг и Ломбарди постигнаа по четири гола, додека голманот Ледо не бранеше на овој меч.

Противникот на Охрид во ЕХФ Европскиот Куп, Спор Тото славеше на гости кај Михаличик со 33-27. Keлешоглу даде шест гола, а Билем и Бичер имаа по пет реализации. Ривалот на Бутел Скопје, хрватската Горица победи на гостински терен против составот на Чаковец со 33-31. Стандардно најдобри стрелци беа Караула со осум и Грубишиќ со седум гола.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

Share on Facebook

МВП ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – КРИСТИЈАН СИМОНОСКИ (ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2)

Авор: Редакција
| 12 октомври 2026
18:45
Share on Facebook

Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер 2, Кристијан Симоноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП за месец септември во Супер машката лига.

Стружанецот игра во одлична форма по трансферот од Автокоманда во Битола и веќе е лидер на Еурофарм Пелистер 2.

Тој освои 54% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Наум Костов од Куманово кој освои 21% од гласовите.

Номинирани за МВП за месец септември во Супер машката лига беа уште и Доминик Мате од Охрид, Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер и Матео Фадуил од Вардар.

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Червар избра за Гумерсбах – направи една промена

Авор: Душко Андов
| 13 октомври 2026
12:47
Share on Facebook

Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах, каде ќе гостува македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

Битолчани се во потрага по првата победа во Лигата на Европа, откако досега загубија дома од Ла Риоха и ремизираа на гости кај Вибжеже Гдањск.

Лино Червар направи една промена во ростерот во однос на претходниот меч. Ќе игра левиот бек Малик Татар, кој е на местото на Павле Атанасијевиќ, додека одново надвор од комбинација е Ник Хенигман, кој ја одлежува суспензијата по црвениот картон против Ла Риоха.

Натпреварот меѓу Гумерсбах и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 18:45 часот во „Швалбе Арена“.

Share on Facebook

Комплетирано второто коло во ЛЕ и ЕХФ Куп, Чаир остана единствен македонски претставник во Европа

Авор: Душко Андов
| 12 октомври 2026
10:45
Share on Facebook

По елиминацијата на Вардар пред десетина дена, минатиот викенд се одиграа и преостанатите натпревари од второто коло во ЕХФ Купот, по кое 22 екипи се пласираа во третата рунда, каде што својот ривал ќе го чека составот на Чаир.

Таму се пласираше и словачката екипа Дунајска Стреда на Ангела Јанкуловска. Дунајска Стреда славеше над италијанскиот Салерно со 33-25, а македонската репрезентативка беше стрелец на четири гола.

Интересно е што четири екипи од Косово – Шќипоња, Самадреџа, Истогу и Феризај, сите осум натпревари ги одиграа на домашен терен, но запишаа само порази и се елиминирани.

ЕХФ Европски Куп, 2 коло, резултати:

Мавроматис – Гарлијава 20-40, 11-42
Бор – Криваја 38-26, 39-27
Самадреџа – Неистин 23-28, 24-25
Бриксен – Вардар 32-29, 36-25
Дуделанж – Х71 38-41, 24-40
Диферданж – Левалеа 19-30, 24-26
Хаџиќи – Истогу 30-25, 28-19
Одунпазари – Цуг 23-28, 29-31
Артас – Виљнус 43-36, 31-28
Холон – Бјала 34-32, 29-31/32-35 пен.
Слован Дусло Шала – Квинтус 35-26, 29-26
Сент Труден – Атинаикос 25-24, 27-22

Салерно – Дунајска Стреда 25-25, 25-32
Рума – Горење 32-27, 33-29
Квиек – Крајина 39-28, 33-23
Бнеи Херцлија – Шќипоња 40-24, 29-27
Јуро Унирек – Винтертур 34-30, 30-31
ВИФ – Феризај 34-23, 28-17
Алмеида – Енозис 37-15, 31-16
АПОЕЛ – Кур 18-40, 13-39
Галичанка Лвов – Жалгирис Каунас 33-26, 31-28
Макаби Рамат Ган – Сао Педро Сул 28-22, 24-22

Во Лигата на Европа покрај Ѓорче Петров, елиминирани се и турската Бурса на Моника Килдан Јанеска и Пјотрковија на Марија Гугуљанова, но и Црвена Звезда на Елена Ѓорѓиевска и Јована Мицевска Митев.

Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:

Боден – Гуардес 30-28, 31-26
Виборг – АЕК Атина 42-24, 30-17

Валчеа – Мецинген 39-24, 29-28
Бенфика – Зрињски Чаковец 31-16, 41-21
Хипо – Савехоф 27-31, 24-38
Молде – ПАОК 27-24, 29-21
Наиса Ниш – Бурса 29-28, 32-28
Сен Аман – Вац 32-30, 27-26
Бјеловар – Шамбре Турен 25-37
Ница – Ларвик 28-27, 32-34
Цирих – Олденбург 22-31, 23-23
Корона Брашов – Црвена Звезда 32-25, 26-28
Скара – Тертнес 25-29, 28-33
Лублин – Пјотрковија 36-24, 32-27
Ѓорче Петров – Мост 22-18, 17-27
Гран Канарија – Брул 33-25, 25-31

Во Лигата на шампионите, прв триумф забележа Будуќност, додека Крим ја продолжи негативна серија, а дербито меѓу Ѓер и Мец заврши нерешено, иако европскиот првак можеше да слави среде Унгарија.

Лига на шампиони, 5 коло, резултати:

група А
Брест Бретањ – Ференцварош 28-33
Будуќност – Сола 23-22
Борусија Дортмунд – Крим 37-31
ЧСМ Букурешт – Есбјерг 34-31

група Б
Ѓер – Мец 34-34
Бломберг – Оденсе 18-35
Сторхамар – Подравка 33-25
Никобинг – Глорија Бистрица 17-28

Share on Facebook

Oвче Поле броеше до 46 во Македонска Каменица

Авор: Душко Андов
| 11 октомври 2026
22:17
Share on Facebook

Тимот на Овче Поле запиша втора победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше на гостински терен кај Сокол Саса со 46-28.

Ова е петти пораз во петтиот меч за Сокол Саса, кој шансата за бодови ќе мора да ја бара на некој нареден дуел.

Предноста на тимот од Свети Николе беше плус девет уште по првите триесетина минути, 22-13, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Теофил Јанев и Александар Димитров со по седум погодоци, додека кај Сокол Саса, Мирче Ѓеоргиев даде осум гола.

Share on Facebook