СТРУГА 2026: Реновиран Бутел, стари амбиции – Ѓоргиевски и соиграчите на турнирот отвораат ново поглавје

Струга од 12 до 15 авгиуст повторно ќе живее со ракометот, а покрај Црн Дрим ќе се одржи вистински ракометен фестивал исполнет со добри натпревари, полни трибини и незаборавна атмосфера. 24Ракомет и годинава е медиумски партнер на турнирот, а во пресрет на неговиот почеток ќе ги претставиме сите екипи учесници и ќе пренесеме интересни приказни, факти и детали од богатата историја на турнирот. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет.

|
14:18
Share on Facebook

Најстариот ракометен турнир во Македонија и годинава ќе го означи почетокот на новата сезона. Со него, почнува ракометната магија во Македонија. Од 12 до 15 август, на отвореното игралиште покрај Охридското Езеро, ќе се одржи 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Вангел Баљукоски – Баљук“.

Една од екипите која стана редовен учесник на традиционалниот Струшки турнир е екипата на Бутел Скопје. Бутелци откако се дел од Супер лигата, секогаш обезбедуваат место во разигрувањето на титулата.

Екипата ова лето претрпе многу промени, што играчки, што во стручниот штаб, но со новиот стратег Стојанче Стоилов амбициите нема да се променат и повторно ќе се атакува во најдобрата шесторка во македонскиот ракомет.

Турнирот ќе биде показател за досега сработеното

Капитенот Димитар Ѓоргиевски од стартот на проектот е дел од него, па и во наредната ќе биде дел од Бутел Скопје.

Тој настапуваше за Бутел Скопје и во единствената сезона во прволигашката конкуренција, кога клубот обезбеди место во елитата, а девет години подоцна Бутел Скопје е меѓу најконстантните македонски екипи, кои работат со македонски ракометари.

„Во новата сезона имаме многу изменет ростер со многу млади играчи па турнирот во Струга ќе ни помогне да видиме до каде сме. Со оглед на тоа што имавме седум играчи во кадетската репрезентација на ЕП, нема да имаме многу тренинзи комплетни, но што е тука е, одиме да го дадеме максимумот“, изјави Ѓоргиевски.

Струшкиот турнир е посебен

Ѓоргиевски најмалку четири пати досега настапуваше на Струшкиот турнир, а сега ќе биде лидерот на подмладениот тим на Бутел Скопје.

„За турнирот во Струга можам да кажам само пофални зборови, за мене е најдобар турнир во Македонија, тоа што се игра на отворено го прави посебен. Секогаш е задоволнство да се игра на отвореното игралиште“, продолжи Ѓоргиевски.

Шампионот на Македонија и амбициозниот Прилеп се првите пречки

Во групата со Бутел Скопје се актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, Вардар, како и амбициозниот Прилеп.

Сите го гледаат Вардар како сигурен финалист, со тоа се согласува и капитенот на Бутел Скопје, а меѓу Бутел Скопје би се барала второпласираната екипа од групата што ќе игра за третото место на турнирот.

„Во група сме со Вардар и со Прилеп, Вардар би го издвоил како главен фаворит, не само во групата туку и на целиот турнир, а со Прилеп очекувам една цврста игра и изедначен натпревар до самиот крај. Се познаваме доволно и знаеме што може да очекуваме, иако имаше промени во составите кај сите“, вели Ѓоргиевски.

Целите се исти како и секогаш, пласман во плеј-офот

Капитенот на Бутел Скопје вели дека целта е стандардна – пласман во разигрувањето за титулата. Оваа сезона бутелци освен на домашна сцена, ќе бидат активни и на меѓународна во ЕХФ Европскиот Куп.

„Целите на Бутел оваа сезона се секако плеј-оф, но ќе биде тешка сезона и се надевам дека ќе ги оствариме тие цели кои се зацртани“, заврши Ѓоргиевски.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – клупски информации

Состав
Голмани: Богдановски, Трсунов, Чаневски
Играчи: Ѓоргиевски, Зенговски, Симовски, Стаменковиќ, Каевски, Михајловиќ, Јаневски, Костов, Аксентиев, Субашевски, Тодески, Јовиќ, Аврамовски, Спасовски, Марковски, Лешникоски, Ѓорѓески, Трсунов, Симоновски, Николоски
Стручен штаб: Стојанче Стоилов, Стефан Стојановски, Леонид Киселовски

Играчи што дојдоа: Ѓорѓески, Аврамовски, Симоновски, Аксентиев, Богдановски, Чаневски, Стаменковиќ

Играчи што заминаа: Узунчев Т., Трајкоски, Узунчев Д., Стојаноски, Новаковски, Шилегов, Ѓурмешевиќ, Киселовски

Распоред на мечевите на Бутел во Струга
13 август
18,30 часот Прилеп – Бутел Скопје

14 август
20,30 часот Бутел Скопје – Вардар

15 август
Натпревар за пласман

 

* СИТЕ НАТПРЕВАРИ ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСУВАНИ НА YOUTUBE КАНАЛОТ НА 24РАКОМЕТ

 

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…

Share on Facebook

Од Горица го најавија евро-двобојот: Го почитуваме Бутел, но веруваме во сопствениот квалитет

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
14:37
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат првиот натпревар во ЕХФ Европскиот Куп на гости кај хрватската Горица.

Станува збор за незгоден ривал, кој има одличен старт во Хрватска – шест победи на шест меча, меѓу кои и онаа над Сесвете, учесник во Лигата на Европа и тоа на гостински терен.

Десното крило Максимилијан Гуриќ очекува тежок натпревар.

„Во Европскиот куп го пречекуваме Бутел Скопје, млада македонска екипа во чии редови има искусни поединци. Нè очекува тежок противник и натпревар во кој ништо нема да добиеме без борба. Во овој густ распоред важно ни е добро да го отвориме дуелот и да покажеме дека никој не поминува лесно низ нашата сала. Затоа ги повикуваме сите навивачи: дојдете, исполнете ги трибините и подгответе им на гостите што е можно потешка атмосфера. Вие сте нашиот осми играч“, порача десното крило.

Тренерот на Горица, Матеј Мишковиќ, вели дека Бутел Скопје заслужува целосен респект.

„Пред нас е голем европски натпревар и предизвик на кој сите во клубот исклучително му се радуваме. Ни гостува Бутел од Скопје, квалитетна и сериозна екипа која заслужува целосен респект. Свесни сме дека нè очекува тежок натпревар против противник кој има квалитет и амбиции. Сепак, ние имаме свои цели и веруваме во она што го работиме. Од почетокот на сезоната градиме победнички менталитет, а ваквите натпревари се можност да покажеме колку вредиме и колку можеме да постигнеме како тим. Сакаме да бидеме храбри, одлучни и да го наметнеме нашиот начин на игра од првата минута. Играме на домашен терен, пред нашите навивачи, и немаме намера никому да му ја препуштиме улогата на фаворит, без оглед на името на противникот.
Го почитуваме Бутел, но веруваме во сопствениот квалитет. Нашата цел не е само да учествуваме во европското натпреварување, туку да бидеме конкурентни, да победуваме и да направиме исчекор на европската сцена со Горица“, заврши Мишковиќ.

Share on Facebook

Радовиш лесно се справи со Текстилец, Петров „удри“ по своите

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
22:41
Share on Facebook

Ракометарите на Радовиш прославија триумф над Текстилец со 30-25 во натпревар од 6 коло во прволигашката конкуренција.

Иако се очекуваше поголем отпор од штипјани, сепак домаќините лесно стигнаа до двата бода на оваа пресметка, а во преден план беше левиот бек Васе Петров, кој постигна девет гола против „своите“ штипјани.

Покрај него, во нападот на радовишани се истакнаа Иванче Ончев со осум и Филип Костадинов со пет погодоци.

Домашните поведоа со 12-5, Текстилец за момент се врати на минус еден, 12-11, но на паузата Радовиш замина со предност од три гола, 15-12.

Во второто полувреме радовишани диктираа темпо и имаа резултатска контрола, па гостите немаа шанси за камбек во натпреварот.

Најдобри стрелци во штипскиот состав беа Лазар Стојанов, кој се врати во тимот по еден меч суспензија и даде осум гола, како и Јован Величков, кој стрелаше четири пати.

Share on Facebook

МВП ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2)

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
17:11
Share on Facebook

Средниот бек на Ѓорче Петров 2, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП за месец септември во Супер женската лига.

Анчева играше одлично во првите три средби од оваа сезона во новиот клуб, во кој заедно со искусната Савица Мркиќ Стојанов, се од голема помош на младите „лавици“.

Таа освои 72% од гласовите на анкетата, додека второпласирана беше Стефанија Ѓорѓиевска од Чаир која освои 8% од гласовите.

Номинирани за МВП за месец септември во Супер женската лига беа уште и Анастасија Николовска од Спартак, Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров и Леона Миленкоска од Вардар.

Share on Facebook

Сигурдсон смета на вардарецот Љевар за квалификациите за ЕП 2028

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
12:21
Share on Facebook

Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на ракометари пред стартот на квалификациите за ЕП 2028.

Тој смета на 19 ракометари за двете средби со Литванија и Финска, а меѓу нив се наоѓа и еден од македонското првенство.

Станува збор за левиот бек на Вардар, Леон Љевар, кој ова лето го засили македонскиот првак.

Покрај Љевар, на списокот се проверени имиња како Циндриќ, Срна, Лучин, Мартиновиќ, Кузмановиќ…а недостига само Лука Ловре Кларица од Келце кој е повреден.

Хрватска ги стартува квалификациите за ЕП 2028 на 4 ноември во Сплит против Литванија, додека на 8 ноември е пресметката на гости кај Финска.

Во квалификациската група е уште Холандија, против која Хрватите ќе играат двомеч во март догодина.

Share on Facebook

Волф ги критикуваше судиите – му се заканува голема казна!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
13:11
Share on Facebook

Голманот на Кил, Андреас Волф, се соочува со парична казна од 2.500 до 5.000 евра поради јавните критики кон судиите по драматичното реми 31-31 против Фленсбург.

Волф ја доведе во прашање компетентноста на арбитрите по контроверзната ВАР одлука во финишот, со која беше поништен потенцијалниот победнички гол на Кил.

Иако санкцијата не е јавно објавена од раководството на лигата, германските медиуми пренесуваат дека Волф доставил и писмено образложение во кое признал дека претерал со своите изјави.

Кил е на врвот на табелата со 17 бодови, два повеќе од Фленсбург и три повеќе од Магдебург, но овие две екипи имаат одиграно два меча помалку.

Share on Facebook