📸 „Лавиците“ скокнаа лесно уште една пречка до трофејот во Купот - 24 РАКОМЕТ

📸 „Лавиците“ скокнаа лесно уште една пречка до трофејот во Купот

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Ѓорче Петров, се пласираше во финалето без никакви проблеми, oткако славеше против Пелистер со 37-15. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефанија Ѓорѓиевска со девет и Теодора Дукоска со четири гола, додека голманките Вујисиќ и Јовановска комбинираа 13 одбрани. Во составот на Пелистер по три гола дадоа Бундоска, Елмазовска и Тодоровска. Противник на Ѓорче Петров во финалето ќе биде Спартак, кој го елиминираше тимот на Чаир.