📷 ОХРИД 2025: Пелистерци играа топло-ладно, но останува можноста за финале

Динамо – Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пропушти прилика за победа на натпреварот против Динамо Панчево и одигра само реми, 24-24. Иако пелистерци водеа со три гола во првиот дел, дозволија ривалот да направи голем пресврт, потоа да бркаат висока негатива од пет гола, а на крајот примија гол во последните секунди за реми и замрсена ситуација во групата. Сега битолчани имаат четири бода на првата позиција, Тримо е втор со три бода, а Вардар трет со два. Вардарци никако не можат да бидат први, додека Еурофарм Пелистер мора да чека триумф на Вардар за да остане прв. Ако биде реми, исто така битолчани остануваат први и ќе играат во финалето. Словенечкиот состав само со победа може до првото место и борба за трофеј.