📷 СТРУГА 2025: Ако денот по утрото се познава – Охрид го чека плодна сезона

ГАЛЕРИЈА Финале на турнир Струга 2025

Тимот на Охрид им се приклучи на Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, ВВ Тиквеш и ТК Бренд на листата на освојувачи на трофеј на Струшкиот турнир. „Гладијаторите“ станаа шестата македонска екипа со триумф покрај езерото, откако во финалето го победија Бутел Скопје со 30-24. Жилавиот Бутел Скопје парираше одлично особено во првиот дел, ги намачи охриѓани и ги натера добро да ги испотат дресовите за да стигнат до победата на натпреварот што поради лошото време наместо на отворено на „Горан Попоски Бабец“ се одигра во салата „Тими“.