🎥 Од пораз во победа за 45 секунди – еве како бутелци го замолкнаа „Јасмин“
Ракометарите на Бутел Скопје остварија значајна победа во битката за плеј-оф, откако славеа на жешкиот терен во „Јасмин“ со 24-23. Иако губеа со 23-22 на влезот на последната минута сепак избраниците на Горан Кузманоски најпрво израмнија преку Ѓеоргиевски кога останаа да се играат уште 45 секунди до крајот. Домашниот тренер Грчевски побара минута одмор, но Димитар Узунчев ја пресече акцијата и успеа да погоди во празниот гол на кавадарчани. Даневски имаше обид за победнички гол во последната секунда, но топката заврши во стативата и радоста на Бутел можеше да почне. Погледнете ја драматичната завршница од мечот во Кавадарци....