Дарле најде клуб, направи камбек во Мец

Репрезентативката на Франција, Клеопатра Дарле, која неколку месеци беше без клуб, се врати во редовите на Мец.

Од таборот на Мец денеска објавија дека искусната голманка ќе го брани голот на тимот најмалку до летото, 2025 година.

Дарле во Мец настапуваше од сезона 2009 до 2011 година, потоа играше за Виборг и Брест Бретањ.

35-годишната голманка по завршувањето на договорот со Мец ќе стави крај на нејзината богата кариера.

Најголемиот успех на Дарле се освоените златни медали на Олимписките игри во Париз и Светското првенство 2017.

На Европското првенство 2022, на кое Македонија беше еден од организаторите на континенталниот собир, Дарле беше избрана за најдобра голманка.