🎥 Младеновска исто како големиот Лазаров – на десно крило дебитираше во ЛШ!
Македонскиот бисер Ива Младеновска денеска на 17 години ги постигна првите погодоци во дресот на францускиот Брест Бретањ во Лигата на шампионите. Таа доби шанса од Рафаел Тервел на мечот со Будуќност во Подгорица, играше како десно крило, бидејќи ниту таа позиција не и е непозната на младата македонска репрезентативка. Ова е ист случај како и легендарниот Лазаров, кој на 15 години во дресот на велешки Борец дебитираше како десно крило во Лигата на шампионите и ги постигна првите погодоци во елитното натпреварување против Динамо Букурешт. Лазаров денеска е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, а може само да посакаме неговите стапки да ги следи и Ива Младеновска...Погледнете....