{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 25Домаќинот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, тимот на Охрид, загуби од словенечкиот Целје со 29-26 во второто коло од групната фаза. Клучно за триумфот на гостинскиот тим беше падот на Охрид во финишот на првото полувреме. Домашните потоа бркаа негатива, се доближија во два наврати и на минус еден во вториот дел, но немаше промена на резултатот. Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Андраж Макуц со шест гола, додека пет постигна Вукашин Антонијевиќ. Голманот Жељко Козина одбрани седум удари на домашните и постигна еден гол. Во тимот на Охрид, шест гола имаше Цирар, а Чаневски запиша осум интервенции.