{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 13Машката кадетска репрезентација загуби од Полска со 30-26 и ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место, односно за опстанок на ЕП и избегнување на враќање во Б дивизијата (ЕХФ шампионат), каде што испаѓаат трите последни од овој континентален собир. Победникот беше најавен во првиот дел, но во второто полувреме македонските кадети одиграа подобро, намалија на минус еден, но одбраната не беше на потребното ниво и немаше шанси да се избегне поразот. Ова беше трет пораз за Македонија, по оние од Францција и Германија, па сега немаме шанси ниту за пласман на Мундијалот, каде одат селекциите што ќе се пласираат до 15 место на ова ЕП.