📷 Славје во Велес – по пет години пак ќе се гледа суперлигашки ракомет!

Бисинов промовиран во суперлигаш

Тимот на Бисинов направи голем успех и без ниту еден загубен бод во прволигашката конкуренција се пласираше во Супер лигата. Последен пат во елитната конкуренција, велешки тим играше во сезоната 2018/2019 година, кога Борец имаше само порази. Претходно тимот беше стабилен суперлигаш, а таму беа Ивица Илиев, Филип Николов, Игор Павловски, Илија Крстевски, Борјан Маџовски, Кирил Колев, Миле Ордев…Сега некои нови „клинци“ предводени од Илиев и од тренерот Никола Бисинов ќе го враќаат сјајот на велешкиот ракомет. Тамошната публика е желна за ракомет, а тоа го докажа и сезонава кога во голем број го бодреше составот на Бисинов....