понеделник, ноември 25, 2024

🎥 Хаос и прекин на натпревар во Србија, екс играч на Вардар во центарот на вниманието!

Откако мечот меѓу Војводина и Партизан минатиот викенд беше прекинат поради навивачите, нов хаос и прекин во српскиот ракомет. Натпреварот меѓу Дубочица Лесковац и Црвена Ѕвезда од српскиот плеј-аут беше прекинат во 44. минута. Хаосот настана кога пивотот на гостите од Белград, Душан Андрејевиќ, доби удар во главата, Еден од домашните играчи доби казна од две минути, но тренерот на Ѕвезда, Недељко Матиќ и спортскиот директор Огњен Кајганиќ (екс играч на Вардар), продолжија со протести кон судискиот пар Мошорински-Панџиќ и делегатот Стојковиќ, барајќи построга казна. Почнаа провокации и пцовки меѓу Кајганиќ и домашната публика, потоа уште еден играч од Ѕвезда доби казна од две минути поради приговор и страстите зовреа. Кајганиќ ги собра играчите на тимот од Белград и заедно го напуштија теренот. Судиите и делегатот чекаа петнаесетина минути за тимот на Црвена Ѕвезда да се врати на теренот, но тоа не се случи, па мечот е официјално прекинат во 44. минута и сега следува многу работа за Дисциплинската комисија на Ракометниот Сојуз на Србија. Погледнете....