🎥Лазаров: Свесни сме со какви ривали играме, но ќе дадеме сѐ од себе
Македонската машка ракометна репрезентација веќе е во Диселдорф каде се подготвува за утрешниот натпевар против Франција. Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, одлично ја познава француската репрезентација, неколку сезони играше во Нант, со дел од актуелните репрезентативци настапуваше низ Европа и свесен е за квалитетот со кој располагаат „триколорите“. Според Лазаров, неговите избраници треба да одиграат опуштено и да го дадат најдоброто од себе против моќната Франција, која е еден од фаворитите за освојување на првото место на Европско првенство. Целосната изјава на Лазаров погледнете ја во видео прилогот...