Некогаш играше во Битола, сега „стана“ рапер! (ВИДЕО)

Поранешниот десен бек на Еурофарм Пелистер во сезоната 2017/2018, Никола Ивановиќ, покрај ракометната гради успешно и музичка кариера. Србинот ја објави најновата песна „Јој“ во соработка со моделот Уна Тауруна, а неговото име стои потпишано и зад текстот. Уметничкото име на десниот бек кој сега игра во романскиот тим Баја Маре е Мараџо. По кратката неколку месечна епизода во битолскиот клуб, Ивановиќ играше во Унгарија, Израел, Србија и Словачка. Преслушајте го новиот хит во Србија....