Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Алборг, се ослободува од вишокот на играчи во ростерот.
Данскиот вицепрвак објави дека левиот бек Виктор Клов ќе биде на позајмица во следната сезона во Шведска.
Неговиот нов клуб е шведскиот шампион Кристијансанд, со кој ќе игра во Лигата на Европа претстојната сезона.
Неговиот договор со Алборг е до 2026 година, но со камбекот на Микел Хансен, сигурно немаше да се изнаигра оваа сезона.
Битолчани веќе во второто коло од Лигата на шампионите ќе му гостуваат на Алборг во Данска.