Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Си ветивме лани дека пак ќе се вратиме тука и ќе се бориме за титула (ВИДЕО)
Полскиот Келце втора година по ред обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите. Тимот на Талант Душебаев беше подобар од францускиот ПСЖ со 25-24, а екс вардарецот Игор Карачиќ ќе има нова можност да ја освои својата трета титула во елитното натпреварување. Тој вели дека сите си ветиле минатата сезона дека одново ќе се вратат во Келн по поразот по продолженија од Барса и дека ќе се борат за финале. Целосната изјава на Карачиќ погледнете ја во видео прилогот...