Срце се стега, дрес се љуби, Македонија се сака иако губи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Срца се стега… Македонија пак наведна глава…

Втор пораз за Македонија на Светското првенство, втор пораз со двоцифрена разлика. Иако навивачите се секогаш верниот осми играч, и постојано се дел од настапите на македонската репрезентација за победа ќе мора да почекаат најмалку до 17ти јануари и натпреварот со Аргентина. За жал повторно на крајот жолто-црвените ги испратија своите херои со горчината на поразот, до некој нареден пат, подобра игра, полесен противник. Последен пат на големите настани сме се радувале на победата над Чиле на 18 јануари 2021 на Мундијалот во Египет.