понеделник, ноември 25, 2024

Како во старите добри времиња: Сите за еден – еден за сите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ветарани vs репрезентативци

Не постојат стари и млади, актуелни и ветерани, туку единствено добри ракометари. Уште еднаш најшите најголеми амбасадори, ракометарите, тренерите и судиите покажаа дека и покрај годините, „стомачињата“ и побелената коса, се уште се мајстори на својот занает. Како во старите добри времиња, уште еднаш донесоа многу радост на трибините потсетувајќи не нас, и давајќи им мотив на оние што ги наследуваат. „Ветераните“ добија спомен дресови, судиите Драган и Марјан Начевски признанија, а неизбежни беа и селекторите Илија Темелковски и Звонко Шундовски. Сите на свој начин придонесоа за афирмација на македонскиот ракомет и Македонија. „Сите за еден - еден за сите“. За Македонија...