{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 20Македонската сениорска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска. Од планираните 23 ракометари, 20 ќе патуваат денеска за Маврово. Левиот бек од Алкалоид, Едвин Омерагиќ е повреден и ќе ги пропушти подготовките. Никола Митревски ги заврши клупските обврски во Португалија и во Иберискиот Супер Куп, па ќе се приклучи на 23 декември, додека Филип Кузмановски ќе дојде последен на 28 декември. Двата меча со Црна Гора се на 27 и 28 декември, додека на 3 јануари е ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци. Пред патот за Краков ќе бидат одиграни уште два меча на „Кроација Куп“ против Хрватска и Израел.