Гичевска: Тажна сум поради навивачите!

Македонија загуби од Холандија со 30-15 во натпревар од второто коло од Европското првенство во Скопје.

Левиот бек Леонида Гичевска е тажна најмногу поради навивачите кои ја поддржува репрезентацијата во тешките моменти на теренот.

„Холанѓанките одиграа одличен меч. Ние го загубивме фокусот. Тажна сум поради навивачите кои дојдоа да не бодрат. Сепак мислам дека растеме заедно од натпревари како што се овие. Ќе го одиграме и мечот со Романија на максимум и ќе дадеме се од себе“, изјави Гичевска.

Средбата меѓу Македонија и Романија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 9 ноември со почеток во 18:00 часот.