Македонија заедно со Црна Гора и Словенија од денеска се домаќини на Европското првенство во женска конкуренција. Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Прв предизвик за ракометарките на Македонија ќе биде утрешниот дуел против олимпискиот првак Франција, а пред најголемиот предизвик за репрезентацијата на Македонија, која по пауза од десет години, повторно ќе заигра на едно големо натпреварување, свое видување даде и интернационалката Симона Маџовска, членка на германски Цвикау. Целата изјава за очекувањата на Маџовска за ЕП може да ја погледнете на видеото во продолжение..