Савевски за 24Ракомет ТВ: Ќе имаме најмлад и најперспективен тим, оваа репрезентација има светла иднина (ВИДЕО)

 

Денеска стартува Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора со натпреварите во групите А и Б. Македонија првиот дуел ќе го одигра утре против олимпискиот првак Франција. Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски истакна дека на трите натпревари од првата фаза шанси ќе им даде на сите ракометарки од репрезентативниот табор. Искусниот стратег ги сподели своите очекувања за Европското првенство, на кое неговите избранички ќе имаат тешка задача бидејќи ќе играат против три силни репрезентации - Франција, Холандија и Романија. Каков резултат очекува Савевски на континенталниот собир може да погледнете на видеото во продолжение...