{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 43Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска со првиот собир ги стартуваше подготовките за настапот во квалификациите за ЕП 2024. Селекторот Кире Лазаров повика 21 ракометар, од кои ќе одбере 16 за двобојот со Луксембург на домашен терен в среда од 19:00 часот. Вториот натпревар од квалификациите, Македонија го игра на гости кај Турција в недела од 16:00 часот.