{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 35Машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ЕХФ шампионатот во Варна, откако славеше над Косово со убедливи 22 гола разлика, 51-29. Победникот беше решен уште по првиот дел кога Македонија направи огромна залиха од 11 погодоци, а второто полувреме беше само формалност. Сите ракометари освен голманите, се запишаа во листата на стрелците. Најдобар стрелец во македонскиот состав беше Белистојаноски со десет гола, осум даде Димитар Узунчев, а пет пати во листата на стрелци се запиша Марио Стојановски. По четири пати стрелаа Михајловиќ, Петковски и Илиески. Голманот Брестовац имаше 16 одбрани и неверојатни 54% успешност на одбранети удари, додека Галевски запре четири удари на Косово. Сега следуваат два дена одмор за нашите момци, па во среда од 14:00 часот ќе се соочиме со Романија.