24Ракомет ТВ: „Кометал шампионе“, 20 години подоцна… (ВИДЕО)
Точно по 20 години, раководните лица и дел од шампионскиот тим на Кометал Ѓорче Петров повторно се собра да го одбележи настанот кој остави траен белег во македонската и ракометната историја. Првиот европски трофеј за Кометал Ѓорче Петров значеше исполнување на зацртаните цели, остварување на сонот Македонија да блесне највисоко на мапата на женскиот клупски ракомет. На тој 19ти мај 2002 победничко Скопје беше претесно за сите оние кои сакаа да ги поздрават новите европски првенки- Нацева, Кастратовиќ, Будимир, Бујанова, Велкова, Платон, Ферзалиева, Тодоровска, Чупиќ, Андрушенко, Калиниченко, Дину, Златановска, Боева... Дваесет години подоцна, со оправдано отсутво на дел од шампионките Кометал уште еднаш се потсети на „Стара добра времена“ и повторно ја запеаа „Кометал шампионе“...