{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 17Ракометарките на Ѓорче Петров се вторите финалистки во Купот на Македонија, откако во вториот полуфинален двобој ја совладаа екипата на Чаир со 28-32. Ѓорче Петров во утрешното финале ќе се бори против Металург за 17 трофеј во Купот на Македонија, со оглед на тоа дека ги наследите и титулите од времето кога овој клуб се викаше Кометал ЃП. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симона Стојановска со седум и Милица Николиќ со шест голови, а кај Чаир се истакна Теодора Дукоска со десет погодоци. Ривал на Ѓорче Петров во утрешното финале ќе биде Металург, а натпреварот стартува од 17:00 часот.