{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 36Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми запишаа планирана победа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 24-28 во натпревар од 5 коло и освоија нови три бода во суперлигашкиот плеј-оф. Најдобри стрелци кај вардарци беа Патрик Валчак и Куни Моралес со по пет погодоци, додека кај Тиквеш се истакнаа српските интернационалци Страхиња Симиќ и Никола Стефановиќ со по пет гола. Шампионот в сабота ќе го одигра заостанатиот натпревар од 4. коло против Бутел Скопје, а потоа ќе гостува кај Охрид пред големото дерби во Битола, додека кавадарчани ги чека домашен двобој со Еурофарм Пелистер.