Обрадовиќ за 24Ракомет ТВ: Далеку е ова од нашиот максимум, и се извинувам на публиката…(ВИДЕО)
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер не успеа да направи исчекор во Лига на Европа во однос на минатата година и во оваа сезона својот настап на европска сцена го заврши во осминафиналето. Составот на Жељко Бабиќ на двата натпревари против Нексе доживеа пораз, 29:26, 21:22. Српскиот ракометар во редовите на Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ смета дека на реваншот неговиот тим одиграл далеку под своите можности. Обрадовиќ е свесен за пропуштената шанса и прилика и истакнува дека во следниот период силите треба да се насочат за останатите натпревари во плеј-оф фазата од македонскиот шампионат, како и за реванш натпреварот против Вардар, кој „фармацевтите“ ќе го одиграат пред својата публика во спортската сала „Боро Чурлевски“.