понеделник, ноември 25, 2024

ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ од Мундијалот – Три ракометарки на носилки изнесени од теренот (ВИДЕО)

По повредата на данскиот плејмејкер Миа Реи, кога врескаше од болка и цела сала занеме, таква или слична слика имаше и на вчерашниот ден од Мундијалот во Шпанија. Дури три ракометарки беа изнесени на теренот. Романката Оана Борш при еден контранапад незгодно се приземји и ја свитка ногата, нејзините соиграчи се држеа за глава, а таа со солзи во очите беше изнесена на носилки. Хрватката Јосипа Мамиќ беше во слична ситуација. При еден шут од десно крило незгодно се приземји, падна на колкот и почна да вреска од болка. И таа мораше да биде изнесена на носилки од теренот. Сериозна повреда на коленото заработи и репрезентативката на Конго, Публиката беше во шок, а вресокот на Жозефин Нкоу одекнуваше низ салата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ВИДЕАТА СОДРЖАТ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ЕЛЕМЕНТИ....