Диви и на 45 години е пенал мајстор, влезе од клупа и го реши мечот (ВИДЕО)
Екипите на Вардар Неотино и Работнички одиграа неизвесен дуел до крај кој во голема драма го доби домашниот тим со 33:32. Јунак на победата беше Петар Ангелов кој во последните моменти од натпреварот со одбранет седмерец ги сочува трите бода за својот тим Вардар Неготино. Ѓорѓи Дука кој го изведуваше седмерецот за Работнички се обиде да го изненади искусниот голман со брз удар, но не му успеа. Популарниот Диви и на 45 години останува мајстор за бранење седмерци. Завршницата од натпреварот и одбраната вредна три бода може да ги погледнете во следното видео...