По завршувањето на Азиското првенство, од кое пет селекции обезбедија пласман, познати се 29 учесници на Мундијалот во Шпанија.
Јужна Кореја, Јапонија, Казахстан, Иран и Узбекистан се петте азиски репрезентации што ќе играат на СП, додека Кина е шестиот претставник, но доби вајлд-карта.
Уште три слободни места се резервирани за селекции од Јужна Америка, а тамошното првенство, кое е квалификациско ќе се игра од 5 до 9 октомври во Парагвај.
Таму треба да се појават Бразил, Аргентина, Парагвај, Уругвај, Чиле и Боливија. Доколку некоја од од овие селекции се откаже од настап или не допатува во Парагвај, тогаш Јужна Америка губи едно место, а тоа му се доделува на најдобриот континент (Европа) и првата резерва (Македонија).
ИХФ минатата недела, како и многупати досега направи преседан и додели вајлд-карта на Кина, а и ја одзема на Полска, но ја остави на СП како прва европска резерва.
Мундијалот во Шпанија ќе се игра од 1 до 19 декември во четири шпански града.